Суперкомпјутер одреди кои тројца фудбалери треба да ги купи Арсенал за да ја освои титулата
- Aleksandar Santovski
- Nov 17, 2023
- 1 min read
Арсенал минатата сезона не успеа да ја добие битката за шампионската титула, а менаџерот Микел Артета и неговите фудбалери ќе се обидат да ја остварат истата амбиција во актуелната сезона.
Дел од англиските стручни коментатори сметаат дека на Арсенал му фалат неколку топ фудбалери за да ги остави зад Манчестер Сити, Ливерпул и останатите, а така смета и суперкомпјутерот xGold на Total Football Analysis.
Таблоидот „Сан“ ги објави резултатите од анализата на компјутерскиот софтвер и според истиот, Артета треба да купи тројца фудбалери во зимскиот преоден рок, ако сака да се надева на титулата.
Компјутерот му одреди и конкретни предлози на шпанскиот менаџер, па ако Арсенал сака да се радува на крајот на сезоната, ќе треба да ги ангажира Первис Еступинан од Брајтон, Кефрен Тирам од Ница и голгетерот на Штутгарт, Серу Гираси.
Според „Сан“, ако Артета не инвестира во јануари и ако не ја доведе оваа тројка, тоа може да го чини збогување со битката за првото место во Премиер лигата.

Comments