top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Супер квалитетен тим: Ибра и неговата идеална единаесетка (ФОТО)

Златан Ибрахимовиќ се реши да стави крај на својата блескава кариера во која имаше можност да игра во големи гиганти во најдобрите лиги во Европа како Барселона, Интер, Милан, Ајакс, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен и Јувентус. Ибра долго време беше на големата сцена, период во кој имаше можност да соработува и ја дели соблекувалната со многу квалитетни играчи, асови кои испишаа историја во овој спорт исто како него. Токму од тоа негово искуство и се што мина низ годините направи селекција, поточно ја избра најдобрата единаесетка во која сосема очекувано се стави себеси. Во неговата книга „Јас сум фудбал“, Швеѓанецот направи топ избор во кој стави и неколку асови на клупа како Сидорф, Гатузо, Канаваро, Иниеста и Жулио Цезар како голман со тоа што Бразилецот се најде во одбрано друштво откако Де Хеа беше „шкртнат“ од списокот. Ова е објасувањето на Златан: – Буфон (Јувентус) „најсилниот голман во светот“. – Лилиам Тирам (Јувентус), десен бек, „со него секој тренинг беше како финале на Светско првенство“ – Тијаго Силва (Милан и ПСЖ), како централен дефанзивец, „Ибра во дефанзивата“. – Алесандро Неста (Милан), централен дефанзивец, „секогаш носеше вистински одлуки“ – Максвел (Ајакс, Интер, Барса и ПСЖ), лев бек, „многу интелегентен фудбалер“. – Патрик Виеира (Јувентус и Интер), играч од средниот ред „фудбалер кој работи како мазга“. – Чави (Барселона) играч од средниот ред, „никогаш не грешеше, го викаат господин перфектен“. – Павел Недвед (Јувентус), средина „најсериозниот професионалец кој некогаш сум го видел“. – Лионел Меси (Барселона) како десно крило, „Плејстејшн играч, најдобриот на сите времиња“. – Роналдињо (Милан) лево крило, „генијалец“. – Ибрахимовиќ како централен напаѓач.


1 view

Comments

Couldn’t Load Comments
It looks like there was a technical problem. Try reconnecting or refreshing the page.
bottom of page