„Сунинг“ го продава Интер, потрагата по купувач во рацете на банките кои посредуваа и за Челси
Кинеската компанија „Сунинг“ официјално бара нов сопственик за Интер, а за тоа ангажирала два субјекта кои учествуваа во пронаоѓање инвеститор за Челси.
Банката „Рејн“ се вклучила во процесот по кој „Сунинг“ би требало да го продаде Интер на заинтересиран поединец или групација, а актуелните сопственици се надеваат дека случајот ќе биде комплетиран успешно.
Информацијата ја објави „Фајненшл тајмс“, медиумот кој тврди дека „Сунинг“ не бара инвеститор за зголемување на буџетот, туку за целосна продажба на Интер, или исто како што Челси заврши кај конзорциумот предводен од Том Боели.
Ваквото сценарио ќе значи исполнување на желбата на голем број навивачи на италијанскиот клуб и посебно на ултрасите кои досега неколку пати му порачуваа на претседателот Стивен Жанг да го продаде Интер.
„Сунинг“ е сопственик на славниот италијански клуб од 2016 година.
Комментарии