top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сулемана може да биде следниот Мбапе

Updated: Apr 19, 2022

18.04.2022 April Ponedelnik

СЕРИЈАЛ НА „БИ-БИ-СИ“ ЗА НАЈДОБРИ МЛАДИ ФУДБАЛЕРИ

Во серијалот наречен „Чуда од деца 11“ на „Би-би-си“, претставени се 11 млади талентирани фудбалери од Европа и од светот, со потенцијал да станат суперѕвезди на својата позиција, но и фудбалери што се на почетокот од кариерите. Крилото на францускиот прволигаш Рен и репрезентативец на Гана, Камалдин Сулемана (20), ја почнал кариерата во својата земја, во академијата „Право на сон“, пред да му се приклучи на данскиот прволигаш Нордсјеланд во февруари 2020 година, потпишувајќи договор на 18-от роденден. За репрезентацијата на Гана ќе дебитира подоцна истата година. Минатото лето тој му се приклучи на Рен и постигна гол по само 14 минути игра на официјалното деби, на мечот против Ленс (1-1).

– Ако ви се допаѓа напаѓачот на ПСЖ и на Франција, Килијан Мбапе, тогаш ќе ви се допаѓа и Камалдин. Рен беше едно од најдобрите места за него и, како на Мбапе во Монако, ќе му требаат година или две во Рен или во тим што е малку над него, да му даде поддршка каква што му е потребна во развојот. Тој има неколку потези за кои знаете дека ќе следуваат, но не можете да ги спречите. Останува да видиме дали ќе стане врвен фудбалер – вели Гари ал Смит, спортски новинар од Гана, специјалист за фудбалот во Африка. Сулемана веќе одигра 10 меча за Гана, од кои три на Купот на нациите на Африка во февруари годинава, на кои го сврте вниманието врз себе.


2 views

Comments


bottom of page