top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Суле за неверојатниот талент на Борусија: Има само 19 години, а се однесува како да чува три деца

Големото „Дер Класикер“ дерби во Бундеслигата донесе извонреден фудбал и видовме дури четири погодоци со создадени голем број шанси, но и директна пресметка на двајца суперталентирани играчи кои уште еднаш го презентираа сиот свој раскош.

Од една страна Џамал Мусиала како неверојатен талент на Баерн Минхен, но од друга Џуд Белингем кој созрева од меч во меч и кој сигурно ќе биде идната голема ѕвезда која ќе направи голем трансфер од Борусија Дортмунд.

Младиот 19-годишен Белингем веќе се поврзува со Ливерпул и Реал Мадрид и нема сомнеж дека ќе ги следи стапките на Ерлинг Халанд, но во меѓувреме, неговите поискусни соиграчи од Борусија уживаат во неговите настапи и не го кријат воодушевување.

Минатата година Матс Хумелс беше тој што порача дека никогаш не видел поталентиран играч од Џуд, а сега се надоврза и фудбалерот кој пристигна од Баерн Минхен.

– Белингем е неверојатно добар за своја возраст. Никогаш не сум видел 19-годишен играч со кого се чувствувате така на теренот. Се однесува како да чува три деца дома. Веќе е вистински лидер, го носи тимот напред и се бори за него. Се обидувам да му помогнам со некои совети, но тој веќе е импресивен фудбалер, – вели Никлас Суле.


0 views

Comments


bottom of page