top of page

Сузуки пред промоција во ПСЖ, Јувентус може да профитира од трансферот

07.08.2026 Avgust Petok

Европскиот шампион ПСЖ е блиску до комплетирање на трансферот на голманот Зион Сузуки, а француските медиуми тврдат дека преговорите се во финална фаза и потврдата може да пристигне викендов.

Јапонскиот репрезентативец импресионираше со својата форма на голот на Парма, но и со настапите на светското првенство, па Луис Енрике го одредил како посакувана аквизиција за иднината на ПСЖ.

Парма ќе добие околу 35 милиони евра за Сузуки, но интересно е што од овој трансфер корист може да има и Јувентус.

Италијанскиот клуб е свесен дека не може да го добие наддавањето со ПСЖ во однос на финансиските услови, но затоа очекува да го добие Сузуки на заем барем за една сезона.

Јапонецот инсистира да биде стартер, статус кој францускиот клуб не може да му го вети во конкуренција на Сафонов и Шевалие, а такво нешто може да добие во Јувентус кој долг период е во потрага по нова опција на оваа позиција.


 
 
 

Comments


bottom of page