top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Судот ѝ дозволи на Бритни да избере свој адвокат, на повидок обвинение против таткото

15.07.2021 Juli Cetvrtok

Судија во Лос Анџелес реши да ѝ дозволи на американската поп-sвезда Бритни Спирс самата да ангажира свој адвокат во борбата за ставање крај на контроверзниот конзерваторски надзор. Пресудата беше донесена во средата откако Спирс се обрати пред судот по втор пат за помалку од еден месец. Спирс повторно побара нејзиниот татко Џејми Спирс да биде отстранет од правниот договор што ги контролира нејзините финансии и приватниот живот со години. На суд минатиот месец, таа драматична побара да се стави крај на старателскиот мандат кој му овозможува на татко ѝ да носи одлуки за нејзиниот живот. А во средата таа го повтори апелот во емотивна изјава, барајќи да биде покренато обвинение против нејзиниот татко за злоупотреба на правото на старателство. “Сакам да поднесам обвинение. Лута сум”, рече Спирс, обраќајќи се на судот преку телефон на адвокат. „Му дозволивте на татко ми да ми го уништи животот.“ „Морам да го запрам тоа и да го обвинам за злоупотреба на старателството“, рече таа.


1 view

ความคิดเห็น


bottom of page