Судот пресуди во корист на федерацијата, нема да има Ла Лига дуели во САД
Шпанската фудбалска федерација ја доби мини-војната со раководството на Ла Лига, поврзана со идејата на одигрување на натпревари од шпанското првенство надвор од земјата.
Ла Лига заговараше амбициозен проект во кој Барселона требаше да игра натпревар против Џирона во Мајами, но федерацијата го блокираше тој потег, а започна и судски процес.
Судот во Мадрид пресудил во корист на федерацијата и потенцирал дека натпреварите од шпанското првенство без исклучок треба да се одиграат на шпанска територија.
Првите луѓе на првенството сакаа да организираат натпревари за да ја промовираат Ла Лига на американска територија, но нивниот обид беше блокиран.
Шпанските медиуми велат дека Ла Лига и натаму нема да се откаже од проектот, но сега е појасно дека оваа опција е речиси нереална.
Comentarios