Судијката гледаше погрешна трага и го разбесни Ѓоковиќ, Србинот доживеа неправда во Монте Карло
Судијката гледаше погрешна трага и го разбесни Ѓоковиќ, Србинот доживеа неправда во Монте Карло Новак Ѓоковиќ беше на добар пат да го совлада Лоренцо Музети во два сета, но поради големиот пад кој го имаше на средина на вториот сет, мечот од третото коло во Монте Карло отиде и во трет одлучувачки сет.
Ѓоковиќ водеше со 1:0 и 4:2 во вториот сет, но потоа забележа голем пад во играта, кој беше проследен и со бесен излив на емоции на Србинот поради неправдата која му беше направена.
При резултат 4:3 и сервис на Музети, едно топче беше навистина сомнително и од столче мораше да се симне судијката Орели Торт, која денеска имаше навистина погрешка проценка во дадената ситуација.
Ѓоковиќ беше убеден дека топчето заврши во аут и поенот треба да му припадне него, но Орели гледаше друга трага и поенот му го додели на младиот италијаски тенисер.
Иако Ноле беше во право, во оваа ситуација неправедно доби и свирежи од фановите на трибините, кои подоцна мораа да ги напуштат истите поради дождот и прекинатиот меч на стартот на третиот сет.
Comments