Судија кој досуди два пенали против нас ќе ја дели правдата во Глазгов фудбал лига на нации квалификации 2026-2027 Македонија-Шкотска
11.11.2026 Noemvri Sreda
Македонија во петок го игра петтиот меч од групната фаза во Лигата на нации и тоа на гостински терен против Шкотска во Глазгов.
Средбата се игра во вечерниот термин од 20:45 часот на „Хемпден Парк“, а веќе е познат и судијата кој ќе ја дели правдата, судија кој не ни е во добро сеќавање.
Се работи за 35-годишниот Михал Оченаш од Словачка, арбитар кој сезонава бил главен на средби во Лига Европа, Конференциската лига, но и во Лигата на нации во сегментот Ц на пресметката меѓу Летонија и Кипар.
Оченаш не го паметиме по добро затоа што пред две години досуди два пенали против наво дуелот со Чешка, вториот длабоко во судиското продолжение со кој му овозможи на домаќинот да не добие во Храдец Кралове со 2-1.
Негови помошници ќе бидат: Адем Јекел и Тобиаш Пачак исто така од Словачка. За четврти судија
е избран Борис Марфетка, додека во ВАР собата ќе седат Австријците Алан Кијас и Херланд Лехнер.







Comments