top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Судиите ќе посветат дополнително внимание на ферплејот и на однесувањето на фудбалерите на ЕП

11.04.2024 April Cetvrtok

Имаме целосно иста работа како вас додека се подготвуваме да го избереме нашиот тим. Ние сме во процес на избор на нашите судии, а ќе се изберат најдобрите судии, без друг услов. Неприфатливото однесување на фудбалерите е проблем за официјалните лица. Играчите ве следат и ако сте мирни, вашите играчи се помирни. Сакаме да ги избегнеме непотребните картони и да го заштитиме имиџот на играта, така што ќе бидеме силни против мобингот. Ова е за заштита на имиџот на играта и позитивно наследство за идните генерации. Мораме да направиме нешто и потребни сте ни затоа што сте многу важни за нас, им рече Роберто Розети, управниот директор за судење во Европската фудбалска унија (УЕФА), на селекторите на репрезентациите за Европското првенство (ЕП) годинава, презентирајќи на состанокот во Диселдорф некои од насоките што ќе бидат споделени со судиите на ЕП, со јасен акцент на почитување на официјалните лица на натпреварите, пишува УЕФА.

Судиите ќе посветат дополнително внимание на ферплејот и однесувањето со почит на ЕП 2024. Розети потврди и дека искусниот тим на УЕФА од судиски специјалисти и, каде што е можно, судија на ЕП ќе се сретне со сите репрезентации пред турнирот за детално да разговараат за техничките и за дисциплинските упатства. ЕП 2024 ќе биде технички најнапредното ЕП досега, со технологија за „поврзана топка“ (со сензори за движење), додадена на системот видеопомошник-судија (ВАР), полуавтоматизиран офсајд и технологија за гол-линијата, пишува УЕФА. Розети го објасни пристапот кон ВАР со фразата „Минимално мешање за максимална корист“. Ова ќе следува по успешната примена на ЕП 2020, кога имаше само 18 корекции од ВАР, од кои девет беа за одлуки за офсајд.

– Сакаме судии со силни личности да одлучуваат на теренот. Сакаме да го користиме ВАР само кога има докази за грешка – рече Розети.

На состанокот УЕФА ја искористи можноста и да разговара со селекторите за големината на составите за ЕП (во моментов секој селектор може да именува состав со 23 фудбалери, но има иницијатива за состави со 26 играчи, како на ЕП 2020). УЕФА најави дека одлуката ќе биде донесена во наредните недели. Н.М.


3 views

Comments


bottom of page