top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Струмичките актери бараат компетентен в.д. директор

Updated: Aug 31, 2021

30.08.2021 Avgust Ponedelnik

Актерите од Струмичкиот театар организирани во иницијативата „Култура или фис-култура“ со барање до министерката за култура Ирена Стефоска да назначи в.д. директор на НУЦК „Антон Панов“ од Струмица кој ќе биде член на драмскиот ансамбал и со компетентно високо обрзование, откако Управниот суд донесе пресуда со која го поништи Решението на Министерството за култура за избор на Васил Бубев за директор на оваа институција.

Тие денес истакнаа дека наближува денот кога пресудата добива правосилност и извршност, а е донесена на 8.7.2021, постапувајќи по тужбата на двете одбиени кандидатки на конкурсот на Министерството за култура за назначување на генерален директор на НУЦК „Антон Панов“ – Струмица.

„Јавно е познат ставот на ресорното Министерство дека ќе постапи согласно препораките и насоките изречени во пресудата од судот. Но, во време кога државата е во изборен процес, повторувањето на постапката за избор на генерален директор е спротивно на законските одредби. Затоа останува можноста привремено да се назначи институцијата в.д. директор. Но како што беше во декември 2020 година, кога Министерство го распиша конкусот за избор на генерален директор, а неколку дена потоа името на Васил Бубев веќе исплива како избран кандидат, сега во оптек кружат повеќе имиња на исто така неискусни и некомпететни колеги кои се вработени во иституцијата од неодмна и други на кои им остануваат само неколку месеци до пензионирање“, велат од иницијативата „Култура или фис-култура“.

Според нив, заедничко за сите имиња кои се можни идни в.д. директори им била припадноста кон акуелната власт. „Во декември 2020 година се обративме со писмен допис до министерката Стефоска барајќи да избере компетентен, професионален и стручен кадар за прв човек на институцијата. Во подоцнежните средби со неа разбравме дека дописот не стигнал до неа. Минатата седмица, поттикнати од новонастанатата ситуација, повторно испративме апел до неа, но во случај тој пак да не дојде до неа, јавно ѝ се обраќаме, преку вас медиумите, со барање, доколку назначи в.д. директор, тоа да биде член на драмскиот ансамбал со компетентно високо обрзование, член на иницијативата ‘Култура или фис-култура’. Се надеваме дека, конечно, стручноста и компетентноста ќе бидат единствениот критериум за избор“, додаваат струмичките актери.

Напоменаа дека доколку повторно бидат игнорирани и манипулирани, ќе излезат на улица.


1 view

Comments


bottom of page