Search
Струмица поразена и во втората пресметка со Олимпијакос во ЛШ
25.09.2024 Septemvri Sreda
Екипата на Струмица го заврши настапот во квалификациите за Лигата на шампионите каде го загуби и вториот меч од пресметката со Олимпијакос.
Грчкиот претставник минатата седмица славеше во Струмица со 3-0 во сетови, резултат кој го повтори и денеска со тоа што денеска нашиот шампион се прикажа во подобро светло и освои повеќе поени.
Домаќиниот го реализираше првиот сет со 25-19, вториот со 25-17, а третиот кој беше најдобар за Струмица заврши со 25-21.
Илиев имаше 12 поени, Волков и Милев пак по 9 поени.
Струмица останува да игра во Европа, но во ЦЕВ Купот.
Comentarios