top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Струмица повторно со двојна круна

ОДБОЈКА

Одбојкарите на Струмица ја потврдија својата доминантност, добивајќи ги трите натпревари со Шкендија во финалната плејоф-серија во Првата лига на Македонија, и ја освоија деветтата шампионска титула. Струмичани ја одбранија ланската двојна круна, откако неодамна триумфираа и во Купот на Македонија, по осми пат. Најдобриот тим во Македонија во претходната деценија, предводен од трофејниот тренер, вистинската легенда на струмичката, но и на македонската одбојка, Кире Ричлиев (55), кој стои зад сите титули на Струмица, сезонава доминираше во секој поглед, за што сведочи податокот дека не загуби ниту еден меч во лигата и во Купот. – На најдобар можен начин ја завршуваме сезонава, со два нови трофеја, без пораз, со доста подмладен тим, кој покажа дека поседува голем потенцијал и оти е спремен за нови успеси – изјави Ричлиев. Во женска конкуренција синоќа се играше четвртиот меч во финалната серија помеѓу победничките во Купот, Работнички, и бранителките на титулата на Јанта волеј Кисела Вода, кои водеа со 2-1.


2 views

コメント


bottom of page