top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Стримувани филмови ќе може да се натпреваруваат за „Оскар“ и в година

Организаторите на доделувањето „Оскари“ во четвртокот го поместија датумот на свечената церемонија во 2022 година на крајот на март, еден месец подоцна од првично планираното, и соопштија дека филмовите објавени на стриминг-плтформите повторно ќе бидат квалификувани за номинации.

Во соопштението на Академијата за филмска уметност се вели дека церемонијата на „Оскарите“ ќе се одржи на 27 март 2022 година во традиционалниот дом на шоуто во Холивуд. Првично церемонијата беше закажана за 27 февруари.

Академијата додаде дека поради пандемијата на коронавирусот, таа вторпат ќе дозволи филмови што биле снимени за прикажување во киносали, но префрлени на стриминг-платформи, да бидат прифатливи за номинации.

Десетици филмови беа објавени на стриминг-услуги, како „Дизни плус“, „Ејч-би-о макс“, „Нетфликс“ и „Амазон“, во изминатите 15 месеци, а киносалите во светот беа затворени поради глобалната здравствена криза.


1 view

Comments


bottom of page