top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Стрелецот на Астон Вила јавно се пожали преку Твитер за агресијата од дефанзивецот на Јунајтед (Виде

Астон Вила го надигра Манчестер Јунајтед и фуриозните 20 минути во воведот беа најава за победата од 3:1, резултат кој ги израдува сите во Бирмингем, особено новиот менаџер Унаи Емери.

Тимот позитивно одговори на менаџерската смена и играчите изгледаа разиграно во текот на целиот меч, но и покрај доброто расположение по триумфот и трите освоени бода, еден играч на Астон Вила остана шокиран од грубата игра на противникот.

Стрелецот Бејли се пожали за удирањето со лакт во пределот на ребрата од страна на Лисандро Мартинез, кој несфатливо е како мина без казна за оваа своја акција.

– Многу сум разочаран од судиите, не можев да дишам за секунда после двата удари со лакт во моите ребра.

– Линискиот судија дури ми реше да не зборувам бидејќи сум го правел истото како Мартинез. Понекогаш навистина не ми е јасно зошто имаме ВАР.


0 views

Commentaires


bottom of page