top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Страшно полуфинале: Србија ја доби драмата со Шпанија и ќе го брани олимпиското злато

Репрезентацијата на Србија е противникот на Грција во големото финале на ватерполо турнирот на Олимписките Игри во Токио. Нашиот северен сосед излезе како победник од лудото полуфинале против Шпанија, дуел во кој најголемиот дел од мечот водеше противникот. Србите беа добри во првата четвртина која ја релизираа со 2-0, но во наредните две беа комлетно надиграни од Шпанците (5-2, 2-1) и тешко кој очекуваше дека ќе можат да се вратат во игра особено ако се знае дека во битката влегоа со пет порази во низа од „црвената фурија“. Меѓутоа српската селекција покажа карактер, знаење и само потврди што е актуелен олимписки шампион. Во завршниот период дадоа пет гола (5-2) од кои последниот на Филиповиќ беше на 25 секунди до крајот. Популарните делфини олимпиското злато од Рио ќе се обидат да го одбранат во недела против Грција, селекција која е најпријатно изненадување на турнирот и која пак претходно беше подобра од Унгарија.


1 view

Comments


bottom of page