Search
Страшна партија на младинците: Македонија го уништи Косово со 22 разлика!
- Aleksandar Santovski
- Jul 18, 2022
- 1 min read
Машката младинска репрезентација на Македонија ја прокнижи првата победа на ЕХФ шампионатот во Варна, победа над селекцијата на Косово изразена со дури 22 разлика. Нашите недежи имаа страшна партија и славеа со 51-29. Ова беше дуел во кој уште во првото полувреме се изборивме за двоцифрена разлика (21-11), предност која момците на Ангеловски продолжија да ја зголемуваат во вториот дел за конечни на крајот плус 22 што е одлична најава за престојната битка со Романија. Најефикасен играч беше Белистојаноски со десет гола, зад него беше Узунчев со осум погодоци. Само да посетиме Македонија вчера ремизираше со Украина, односно до крајот на оваа фаза ни следат уште соочување со Романците и Швајцарците.

Comments