Стојановски: Свесно се повлековме во второто полувреме, но ја контролиравме играта на натпреварот Македонија -Казакстан со победа 0-1 за Македонија
- Aleksandar Santovski
- 10 hours ago
- 1 min read
09.06.2025 Juni Ponedelnik
Роберт Стојановски официјално беше предводник на Македонија од клупата. Стојановски кој го менуваше суспендираниот селектор Благоја Милевски, е задоволен од победата. Помошник селекторот објасни зошто имаше пад во играта во второто полувреме.
„Одигравме две различни полувремиња. По мечот против Белгија кој беше екстра интензивен точно знаевме дека нема да можеме да одиграме две полувремиња со исто темпо. Затоа на полувреме се договоривме да играме малку позатворено, за да ја сочуваме енергијата до крајот на мечот“, рече Стојановски на прес конференцијата по мечот во Астана.
Фудбалерите на Казахстан три пати ја погодуваа рамката на голот (две стативи и една пречка), но домаќините не постигнаа гол. Стојановски објасни дека не секогаш добрата игра се крунисува и со добар резултат.
„Не секогаш кога играме добро, можеме да победиме. Ете нашиот пример со Белгија, со Велс. Точно е дека Казахстан во второто полувреме одигра баш добро, но ние го држевме мечт под контрола. Точно знаевме од каде доаѓа нивната опасност и таму неутрализиравме“, додава Стојановски.

Comments