top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Стотина објекти од културно-историска важност во Охрид со современи информативни табли

17.09.2021 Septemvri Petok

Преку Проект за дигитализација и промоција на културното наследство „Интеррегионално управување со културно наследство, Е-Системи“-„ИРЦ -ХЕРМЕС“ на сто објекти од културно значење и историска важност во Охрид се поставени современи информативни табли со QR-код.

Преку односните информативни табли туристите и посетителите на градот ќе можат да добијат информации значајни за објектот. Според Општина Охрид, ова е првпат во земјата на културни објекти да се поставуваат табли со QR-код, што ја прави општината пионер во процесот на дигитализација на културното наследство.

Проектот „Интеррегионално управување со културно наследство, ЕСистеми“-„ИРЦ -ХЕРМЕС“, Општина Охрид го имплементира во партнерство со Универзитетот за технологија од Кипар, Истражувачкиот и иновативен центар за информации, комуникација и технологии од Атина, општините Самос и Крф од Грција, „ЕЛЕТ“ од Грција и Ауледа од Албанија.

Проектот е финансиран од програмата „Интерег Балкан-Медитеран 2014- 2020“ на Европската Унија и вклучува иновативен електронски систем за дигитализација на наследството, кој има добиено европска награда за иновативност. Освен во Охрид, културното наследство е дигитализирано и во уште три балкански градови, кои се под заштита на УНЕСКО од Грција и Албаниjа.

Освен дигитализација на културното наследство, проектот има за цел да придонесе и кон развојот на културниот туризам и едукација на младите и туристите за значењето на културното наследство. Како резултат на проектот, општина Охрид, за првпат доби дигитална мапа на културното наследство, во која се опфатени околу 130 објекти кои имаат посебно културно значење за градот. Податоците од овој систем може да се

користат во насока на туристичка промоција, но и за други потреби на општината.

Базата на објекти кои ќе се евидентираат и понатаму ќе расте и ќе се развива во рамки на програмата на системот на ХЕРМЕС.


1 view

Comments


bottom of page