top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

СТОП за Ѓоковиќ и на „Ролан Гарос“ – Французите преку ноќ воведоа задолжителен вакцинален сертификат

18.01.2022 Januari Vtornik

Новак Ѓоковиќ и сите невакцинирани тенисери нема да имаат право на настап и на францускиот тениски турнир „Ролан Гарос“. Ова официјалната одлука денеска ја потврди француската министерка за спорт Роксана Марасинеану, наведувајќи дека услов за настап на парискиот Грен слем ќе биде валиден сертификат за вакцинација. Истиот услов од претходно го најавија и од „Вимблдон“ и „САД Опен“. Тоа значи дека доколку Ѓоковиќ не се вакцинира во следниот период нема да може да игра на ниту еден од четирите големи гран слем турнири сезонава.

Со вчерашната депортација од Австралија, заврши 11-дневната правна борба која Ѓоковиќ ја загуби во дуелот со австралискиот Федерален суд. Најдобриот светски тенисер пристигна во Австралија за да учествува на првиот гранслем-турнир сезонава, со медицинско ослободување од вакцинација. Прво му беше одбиена визата, а потоа ја доби по жалбата на суд. Но, министерот за имиграција Алекс Хоук му ја откажа визата и двете страни повторно завршија на суд.

Веста дека Ѓоковиќ нема да може да игра и на Ролан Гарос доколку не се вакцинира силно одекна во српските медиуми кои ја пренесоа како нов напад врз најдобриот тенисер во светот. „Сакаат да го избркаат Новак и од Ролан Гарос? Французите преку ноќ ги сменија правилата“, пренесе „Телеграф“, а „Курир“ со сличен тон напиша: „Нова одлука. “Шок од Париз! Новак Ѓоковиќ не може да оди на Ролан Гарос?”. „Моцарт спорт“ пишува дека на Новак сега му е загрозен рекордот од 21 Грен слем. Тој во моментов е изедначен со Роџер Федерер и Рафаел Надал.


2 views

Comments


bottom of page