Столе прими десет голови, но е убедливо најдобар голман во Лигата на нации (Фото)
07.10.2026 Oktomvri Sreda
Столе Димитриевски прими десет голови на четири меча во Лигата на нации, а само еден од нив оди на неговата душа, и тоа оној вчера кој го прими од Манзамби на натпреварот во Луцерн.
Македонија потфрли во речиси сите фудбалски фази во изминатите две недели и селекторот Гоце Седлоски се увери дека има уште многу работа пред себе, но ако треба да се бира една најслаба страна во овој момент, тогаш сигурно тоа е одбраната.
Елементот кој правеше Македонија да изгледа навистина зрело и цврсто во изминатите две-три години, во овој момент едноставно никако да профункционира, па лошото бранење како тим прави противниците да имаат голем број шанси и исто толку многу удари кон нашиот гол.
Димитриевски прими 10 голови на двата натпревари против Швајцарија и останатите два против Словенија и Шкотска, но ако не беше тој, статистиката ќе беше уште полоша.
Генерален заклучок е дека Димитриевски е убедливо најдобар и најконстантен играч во нашиот национален тим, а тоа го потврдува и статистиката која вели дека е најразбранет и најдобар голман во овој прв циклус во Лигата на нации.
Димитриевски има дури 21 успешна интервенција и е голман кој најмногу имал работа во изминатиот период, па неговата статистиката и покрај десетте примени гола е подобра од онаа на Џиџио Донарума од Италија и Сен Ламенс од Белгија.







Comments