Столбот на одбраната на Челзи се здоби со тешка повреда
- Aleksandar Santovski
- 5 hours ago
- 1 min read
08.08.2025 Avgust Petok
Дефанзивецот на Челзи, Ливај Колвил, претрпе повреда на предните вкрстени лигаменти, потврди клубот од „Стенфорд Бриџ“.Човекот кој минатата сезона се етаблираше како најпостојан стопер на „сините“ и столб во походот кон трофејот во Конференциската лига, сега ќе мора да направи долга пауза.
Колвил се повредил на првиот тренинг во понеделникот, а вчера бил опериран.
Предвидувањата велат дека тој би можел да биде надвор од терените помеѓу шест и 12 месеци, во зависност од брзината на закрепнувањето.
Менаџерот Енцо Мареска ги има на располагање Весли Фофана, Тревор Чалоба, Ренато Веига, Аксел Дисаси, Беноа Бадијашил, Тосин Адарабиохо и Арон Анселмино.
Тимот од „Стемфорд Бриџ“ ќе ја започне новата сезона во Премиер лигата на 17 август, кога ќе го пречека Кристал Палас.

Comentarios