top of page

Стоилов: Ќе се посветам на млади македонски играчи – тоа ни е иднината!

02.04.2026 April Cetvrtok

Македонската ракометна легенда Столе Стоилов од следната сезона за првпат во кариерата ќе ја има улогата на прв тренер на една екипа. Предизвик ќе му биде Бутел Скопје, каде доаѓа на местото на Горан Кузманоски.

Долгогодишниот помошник во Вардар 1961 каде вршеше голема работа, е возбуден за новиот предизвик и вели дека ќе се посвети на работа со македонските ракометари кои ќе бидат иднина за националниот тим.„Сакам да се заблагодарам за довербата на раководството на Бутел Скопје. Ситуацијата во македонскиот ракомет е чиста – сега имаме четири клубови кои се помоќни финансиски од другите, но за да имаме силна репрезентација, другите клубови треба да се посветат повеќе внимание на македонските млади играчи и да не купуваат странци. Бутел веќе има костур на екипата, иако има и млади ракометари, но тие имаат суперлигашко искуство. Би го надополнил ростерот со млади од други екипи за кои сметам дека може да станат големи играчи. Амбициите остануваат и за наредната сезона - пласман во плеј-офот, само со македонски ракометари, изјави новиот стратег на клубот.

Бутел Скопје оваа сезона настапуа во плеј-офот на Суперлигата.


 
 
 

Comments


bottom of page