Search
„Стогови на времето“ – самостојна изложба на Филип Велковски
„Стогови на времето“ е наслов на самостојната изложба на македонскиот уметник Филип Велковски, која од 6 октомври ќе биде отворена во скопската уметничка галерија „Пионери“.
Претставувањето сублимира делови од изложбите на Филип прикажани во периодот 2017-2022 година. Изложбата испраќа моќна порака дека временската скала секогаш ги наталожува моментите од минатото во сегашност и иднина.
„Во виртуелниот екран на дигиталните архиви, неодамна претставен на неговата магистерска изложба на Факултетот за уметност во Глазгов, гледаме процес на компостирање на хронолошки стогови сено во дистописки розов смог. Каков живот овие стогови пренесуваат од иднината кон вечноста? Какви остатоци будат во нас“, се вели во најавата на изложбата.
Comments