Стихозбирката „Сезона на пелинот“ од Љубинка Донева – добитник на наградата „Даница Ручигај“
Updated: Nov 12, 2021
11.11.2021 Noemvri Cetvrtok
Признанието „Даница Ручигај“ што Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) го доделува за книга поезија објавена во тековната календарска година од поетеса-членка на асоцијацијата, годинава ѝ се доделува на Љубинка Донева за стихозбирката „Сезона на пелинот“.
„Поезијата на Донева е сугестивна, згусната во поетските слики и претстави и е куса по форма… Пелинот е симбол за животот денес, стравот од егзистенцијата, болка од дистопијата и дисхармониите во светот. Пелинот е симбол, метафора, архетип на животните падови: смртта, болеста, тагата, очајот, немоќта … ‘Сезоната на пелинот’ е синтагма што ја засилува поетската функција и на живата поезија ѝ дава продолжен живот. ‘Сезоната на пелинот’ на Донева е горчлива наслада, медицински еликсир во полен и мед за раните нанесени на женското тело“, истакнува селекторката Марина Мијаковска во образложението за изборот.
Со наградата „Даница Ручигај“ се чествува името на македонската поетеса која трагично и прерано го загуби животот во скопскиот земјотрес и се поттикнува и валоризира поетското творештво на македонските писателки, соопштија од ДПМ.
Comments