top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Стипендии за седум олимписки кандидати?

Директориумот на Македонскиот олимпискиот комитет (МОК) одржа состанок и упати предлог до Управниот одбор на МОК за доделување одреден број стипендии на засега најпотенцијалните олимписки кандидати, оти уште никој нема исполнето норма, вели спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.

Во однос на минатиот олимписки циклус има промена во системот за стипендии.

– За разлика од минатиот циклус, кога Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) ни додели одредена сума, а ние одбравме 12 кандидати, сега ИОК додели сума, но ни рече за најмногу петмина спортисти. Сепак, успеавме да издејствуваме нивниот број да биде седум, а предлог од директориумот е тие да бидат од помалку спортови. Тоа се Дејан Георгиевски, Филип Додевски и Анамарија Георгиевска во таеквондо, Магомедгаџи Нуров и Владимир Егоров во борење, Дарио Ивановски во атлетика и Борјан Бранковски во стрелаштво. Висината на стипендијата ќе биде повисока, но, секако, нема да биде доволна за исполнување на целиот поставен план и програма. Но сакам да истакнам дека, ако во меѓувреме некој друг спортист направи адекватен резултат, кој е блиску до остварување олимписка норма, предложивме до Управниот одбор на МОК, во тој момент да се најде решение, односно да се обезбеди стипендија што ќе нема врска со стипендиите на ИОК – вели Богоевски.


1 view

Comments


bottom of page