Стигна официјална потврда: Надал ќе игра на Мастерсот во Индијан Велс (ФОТО)
09.02.2024 Februari Petok
Рафаел Надал се обидува да фати ритам и да им се врати на тениските активности, предизвици како што тој посакува по долгата пауза поради повреда.
Шпанецот направи кам-век на турнирот во Бризбејн каде имаше квалитетни изданија, испушти шанса за пласман во полуфиналето, а потоа стигна информацијата за нова повреда поради која го пропушти Аустралијан Опен.
Меѓутоа не се работеше за ништо сериозно и тој веќе тренира и се очекува да игра на АТП турнирот од серијата 250 во Доха кој ќе се игра од 19 до 24 февруари.
Кога е во прашање Рафа, тој во месец март дефинитивно ќе биде дел и од Мастерсот во Индијан Велс. Организаторите потврдија дека големиот шампион е во конкуренција за настап на настанот кој во кариерата трипати го има освоено.
-Трикратниот шампион Рафаел Надал се враќа за својот 16-ти настап во тенискиот рај, -стои во објавата на социјалните мрежи.
Comments