Стигна и официјално предупредување до Ред Бул поради „лудувањето“ на Ферстапен
Макс Ферстапен славеше победа на трката за големата награда на Штајерска, возена на „Ред Бул Ринг“, а новото искачување на подиумот се реши да го прослави на помалку луд начин.
Ферстапен се реши да „остави потпис“ на патеката така што со нагло кочење оставаше траги од своите гуми на местото каде славеше неговиот тим.
Ваквото нешто на пилотите во Формула 1 им е дозволено само кога ќе бидат прогласени за конечни шампиони во поредокот, па токму затоа на адреса на Ред Бул стигна официјално предупредување од тркачкиот директор на Ф1, Мајкл Маси.
– Тоа не беше идеална ситуација. Зборував со тимот веднаш по тој настан и им кажав дека такво нешто нема да толерираме во иднина, -порача Маси.
Фактот што Ферстапен го направи овој „луд“ потег во непосредна близина на луѓе и болидите кои се уште беа на патеката, ставајќи во директна опасност уште повќе ги налутило челниците на Ф1 кои нема да му простат уште еден ваков испад.
Comentarios