Стивен Спилберг го режира видеоспотот на Маркус Мамфорд
Стивен Спилберг го режира својот прв спот за првото соло музичко видео на Маркус Мамфорд. Култниот режисер – познат по својата легендарна кариера на големото платно работејќи на филмови како „И.Т. Вонземјанинот“ и „Шиндлеровата листа“, како и серијалите „Паркот Јура“ и „Индијана Џонс“ – сега се пресели во светот на музиката. 75-годишниот режисер беше на чело на спотот за новиот сингл на фронтменот на „Мамфорд и синови“ (Mumford and Sons “). Во својата објава на Твитер, Маркус откри дека Стивен го создал делото „во еден кадар“ користејќи го својот телефон и додаде дека сопругата на славниот режисер, Кејт, исто така присуствувала на снимањето. „Во неделата, на 3 јули, во салата за вежбање на едно средно училиште во Њујорк, Стивен Спилберг го режираше своето прво музичко видео, во еден кадар, на својот телефон. Таму беше и Кејт Кепшо и таа помагаше во снимањето“, твитна пејачот. Тој им изрази голема благодарност на Стивен, Кејт и на продуцентката Кристи Кригер за нивната поддршка.
Comments