Стивен Ејоки, Мортен, Саладор Ганачи и Џонас Блу ѕвезди на „Охрид колинг“
Од 31 јули до 3 август ќе се одржи годинешното издание на „Охрид колинг“. Оваа година ново фестивалско издание со комбинација на стари фестивалски фаворити и возбудливи премиери, најавуваат организаторите „Авалон продукција“. „Од тропските денс поп-звуци на хитмејкерот Џонас Блу и неговиот прв настап на Балканот, динамичната и заразна продукција на Мортен, кој во моментот се наоѓа на врвот од неговата кариера, до возбудливите настапи на легендарниот Стивен Ејоки и лудата енергија на Салвадор Ганачи, кој првпат дојде во 2018 како анонимен, а денес е премиум-диџеј, кој настапува на сите големи светски фестивали“, велат од „Авалон“. Покрај нив, на годинешниот фестивал ќе настапат и Regard, Sullivan King, Wolfpack, Marten Hørger, SKIY, Cyrillic, Pessto, Divolly & Markward, Jordan John, Invictoz, Delovski, Jana Slayy и Tasev. В среда (17 мај), во 9 часот наутро, на новата мрежа ticketx.mk, почнува продажбата на блок-влезниците за сите 4 фестивалски дена по цена од 3.500 денари, 4.500 и 6.000 денари. Програмата за секој посебен фестивалски ден, како и цената на дневните влезници, ќе биде објавена на 12 јуни, а продажбата на влезниците ќе почне на 14 јуни.
Comments