top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Стефоска: Доаѓајте во Охрид со почит, градот не е забавен парк

13.07.2021 Juli Vtornik

Со повик за заштита на Охридскиот Регион, министерката за култура, Ирена Стефоска, се обрати до присутните на Античкиот театар на отворањето на Охридско лето. Стефоска порача дека во Охрид треба да се доаѓа со респект бидејќи градот не е забавен парк. „Охридско лето ја надмина фестивалската улога, стана македонски бренд, кој го проби патот до светска претпознатливост. Тоа не само што трае туку ни го дава најдоброто од себе. Ниту Охрид без Охридско лето ниту Охридско лето без Охрид. Затоа, повикувам – доаѓајте со респект во Охрид, тој не е забавен парк. Посетете ја питомата Струга, тоа не е само уште еден град. Прошетајте ја живописната Дебрца, таа не е депонија. Искачете ја Галичица, таа не е само уште една планина. Крајбрежјето е мир, а не бетонски рај. Охридското Езеро е редок дар, не е базен. Тапијата е во наши раце, мораме да ја сочуваме. Мораме да ја сочуваме, не поради УНЕСКО, туку поради оставениот аманет. Одиме бавно како Влада, тоа е факт. Но, не застануваме. Сѐ пред тоа и сѐ потоа е само лето“, рече Стефоска на отворањето. Годинава, фестивалот Охридско лето свечено е отворен со гала-балетскиот концерт „Големиот Чајковски“, во изведба на уметниците од Националната опера и балет. „Гoлемиот Чајковски“ е сочинет од најубавите дела на рускиот композотор, со изведби на делови на балетската трилогија „Лебедово езеро“, „Оревокршачка“ и „Заспаната убавица“, и извадоци од балетот „Ана Каренина“ и операта „Евгениј Онегин“. Повеќе од 90 балетски првенци, солисти, ансамблот и оркестарот на Националната опера и балет, предводени од диригентската палка на маестро Бисера Чадловска, кои се носители на проектот, веќе ги одржаа генералните проби на Античкиот театар.


1 view

Comments


bottom of page