top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Стефоска: Децениската негрижа за Националната библиотека „Свети Климент Охридски“ зборува за сите на

26.08.2021 Avgust Cetvrtok

Националната и универзитетска библиотека носи премногу големо име на кое мора да сме му достојни и благодарни – „Свети Климент Охридски“. Таа е и една од првите институции основана со одлука на АСНОМ во 1944. Децениската негрижа кон оваа ризница зборува за сите нас. Ги повикуваме медиумите, а со тоа и јавноста, не за да бараме изговор за лошата слика таму, туку да замолиме за поддршка во процесот на зацелување и заживување на просторот кој го чува нашето национално богатство и кој бил дел од нашето студентско минато, изјави министерката за култура, Ирена Стефоска, при денешната работна посета на НУБ „Свети Климент Охридски“. Придружувана од новата в. д. директорка, Јелисавета Костадинова, министерката Стефоска информираше дека од пред неколку недели НУБ „Свети Климент Охридски“ има нов тим. Министерката за култура соопшти дека е формирана специјална работна група за утврдување на состојбата во НУБ од сите аспекти, која изготвува план за ревитализација на Библиотеката. „Архитекти и градежни инженери веќе направија проверка на проектот за санација на покривот и бидејќи сė е во ред со проектот, тој влегува во програмата за следната година. Се прави пресек на финансиско-нормативното работење на НУБ ‘Свети Климент Охридски’ – рече Стефоска. Додаде дека почнува процесот за прогласување на библиотечниот материјал за културно наследство во опасност, статус кој ќе овозможи брзи интервенции за негово зачувување и соодветно чување, како и вложување во стручен кадар, во опрема и во збогатување на содржината на библиотечниот фонд. „Процесот на враќање на достоинството на овој репрезентативен објект со бесценета содржина започна. Сакам да истакнам дека НУБ не е само покривот и не се само новите столчиња. НУБ ‘Свети Климент Охридски’ е многу повеќе. НУБ е емоција“, рече Стефоска. „Нема да сме првите во светот кои на ваков начин ги поткрепиле своите национални библиотеки. Веќе водиме разговори со одредени донатори зашто ова е голема работа и само сите заедно ќе успееме да ја кренеме на нозе Националната и универзитетска библиотека ‘Свети Климент Охридски’“, изјави министерката за култура. Директорката Костадинова повика на свесност за непроценливото значење на овој објект и укажа на неговата долгогодишна импозантност и сјај, кој, како што рече, веројатно избледел под „забот на времето“, но ни во миг не е намалена неговата важност за државата. Костадинова упати апел за поддршка од општествено-одговорната јавност, особено потребна во делот на санација на посебните читалници, кои некогаш служеле за научно-истражувачка работа, и нивно осовременување и компјутеризација. Таа информираше дека покрај тоа што е расчистено предворјето на НУБ, се расчистиува внатре, а спомена дека е неопходна чуварска служба.


1 view

Comentarios


bottom of page