Search
Стефановски собори национален рекорд стар 57 години (ВИДЕО) Атлетика
- Aleksandar Santovski
- 4 days ago
- 1 min read
Македонскиот атлетичар, Огнен Стефановски собори национален рекорд стар 57 години на Европското тимско првенство (Дивизија 3) во Марибор.
Стефановски испиша историја во дисциплината скок со стап, оствари резултат од 4,05 метри и со тоа го надмина рекордот кој досега го држеше Владимир Карер поставен во Ливорно во 1968 година (3,90).
Светскиот рекорд во скок со стап му припаѓа на Арманд Дуплантис кој пред десеттина дена во Стокхолм прескокна 6,28 метри.

Comments