Стеф Кари е на залезот на кариерата, но дефинитивно е играч кој одбележа една ера во кошарката, играч за кого може да се каже и дека ја промени кошарката со својот стил на игра.
- Aleksandar Santovski
- 5 days ago
- 1 min read
10.06.2026 Juni Sreda
Стеф Кари е на залезот на кариерата, но дефинитивно е играч кој одбележа една ера во кошарката, играч за кого може да се каже и дека ја промени кошарката со својот стил на игра.
Членот на Голден Стејт Вориорс има четири НБА титули, златни медали со САД од ОИ и СП, многу индивидуални признанија, рекорди, па неговото име има огромна тежина и самиот Стеф се смета себеси за еден од најдобрите плејмејкери во историјата на оваа игра.
-Морам да бидам во таа приказна. Дебатата треба да се води меѓу мене и Меџик Џонсон, -вели Стеф и додава:
-Кариерата и достигнувањата на Меџик се неверојатни. Фактот дека дури и се води разговор каде што моето име се споменува покрај неговото е нешто што никогаш не помислив дека ќе го доживеам, -порача ѕвездата на „вооините“.






Comments