Стенд-претставата „Влези, не се соблакај“ на Весна Петрушевска на 19 мај во Охрид
- Aleksandar Santovski
- May 16, 2023
- 1 min read
На 19 мај во Домот на културата во Охрид, со почеток во 20 часот, актерката Весна Петрушевска ќе ја одржи својата стендап-претстава „Влези, не се соблакај“.
„Петок е вистински ден за излегување и ве чекам на претстава заедно да уживаме“, вели Петрушевска.
Стендап-претставата „Влези, не се соблакај“ е исповед за животот на Весна Петрушевска, во која во еден и пол час низ солзи и смеа се раскажуваат нејзините подеми и падови, како и најзначајните моменти од нејзиниот живот, детството, младоста, мажачката и инцидентот со автомобилот што ѝ падна во Вардар. Актерката преку хумор раскажува како го запознала и се венчала со својот поранешен сопруг, но и за врската со помладото момче и како, по раскинувањето, ослабела 20 килограми. Раскажува и за тешките моменти на својот живот и за тоа како никогаш не верувала дека ќе падне во клиничка депресија.

Comentarios