Стенд-ап „Без притисок“ со РадОмир Несторовиќ по повод светскиот ден на комедијата
Во Младинскиот културен центар по повод светскиот ден на комедијата, 22-ри јануари, утревечер (20.30), ќе биде одржан стенд-ап за паметење на РадОмир Несторовиќ и special open mic night!
РадОмир за прв пат доаѓа во Скопје со неговиот special насловен: “Без притисок!”
Тој за себе вели “ОК човек. Цела ноќ ги смислува своите животни планови, преку ден успешно не ги спроведува. За разлика од неговите другари кои нивните родители ги правеле додека биле пијани, неговите родители биле пијани само кога му го давале името. Ги четка забите во исто време додека уринира, да не губи време, а после во наредните 3 часа ги истражува сексуалните навики на пустинските Гурбил глувци. Како и Сократ, така и Радомир знае дека ништо не знае, но со тој одговор не успеа да положи ниту еден испит“.
Настанот ќе се отвори со special OPEN MIC session на кој ќе настапат Оливер Митковски, Бојан Кирковски и Дамјан Коложег, а ќе заврши со DJ set на Оли Митковски.
Commentaires