Станковиќ: На Сампдорија и е потребно чудо, ајде нека биде чудо!
Сампдорија иако важеше за аутсајдер успеа да остане непоразена во пресметката со Интер (0-0) и со тоа едноставно да си ја зголемии самодовербата дека може да направи нешто повеќе во продолжението од сезонава, а тоа во конретниов случај е да обезбеди опстанок. Клубот од Џенова е на 19 позиција со 11 бода по 22 кола или во моментов има осум помалку од Специја која го држи последното безбедно место во Серија А. -Беше многу интензивен меч, битка, му честитам на тимот. Пронаоѓаме одредена конзистентност. Жал ми е што не зборував по Монца, но бев толку тажен и вознемирен по инцидентот во последен момент, сè уште жалам што не ги пофалив мојот тим и нашите навивачи. Нашата состојба не е лесна, но се бориме до крај, рече тренерот Дејан Станковиќ ии додаде: -Честитки до Симоне кој има навистина силен тим на кој му посакувам се најдобро. Се обидовме да им предизвикаме проблеми, на моменти бевме малку френетични, но јас разбирам дека играчите ја чувствуваат напнатоста на теренот и не можам да им се лутам поради тоа. Ако бевме посмирени, можеби ќе бидеме поефикасни на контра-напад. Имавме свои шанси, Интер, исто така, но кога ќе дадете се од себе понекогаш среќата може да се сврти. -Верувам во напорна работа, гордост и решителност, тоа го имаме. Некои го нарекуваат чудо, добро нека биде чудо. Мојата единствена работа тука е да им дадам храброст на овие момци, да ги направам тим кој се радува и страда заедно, кој може да го напушти теренот со кренати глави, додаде Деки. Сампдорија во следната рунда ја дочекува Болоња.
Comments