Сталоне му посака брзо оздравување на Брус Вилис
Силвестер Сталоне го чува добриот пријател и колега Брус Вилис во своите молитви откако семејството на Вилис ги откри неговите здравствени проблеми. Ѕвездата на „Роки“ минатата недела на својот инстаграм-профил сподели фотографии од него и Вилис низ годините, и напиша охрабрувачка порака до семејството на ѕвездата на „Умри машки“ и покрај фактот што двајцата порано беа во јавна расправија. „Ние се познаваме одамна, се молам за најдобро за тебе и за твоето прекрасно семејство“, напиша Сталоне. Сталоне (75) и Вилис (67) заедно глумеа во „The Expendables“ и „The Expendables 2“. Вилис требаше да се појави и во третиот дел, но се откажа во текот на финансиските преговори, што ја поттикна гореспоменатата расправија меѓу двајцата актери. Ѕвездата на „Роки“ на својот инстаграм-профил сподели фотографии од него и Вилис низ годините, и напиша охрабрувачка порака до семејството на ѕвездата на „Умри машки“ и покрај фактот што двајцата порано беа во јавна расправија.
Comments