top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сталоне го прослави својот 75. роденден со сопругата и ќерките

Силвестер Сталоне во вторникот наполни 75 години, а јубилејниот роденден го прослави со сопругата Џенифер Флавин Сталоне и со неговите три ќерки: Софи (24), Систина (23) и Скарлет (19).

По повод својот роденден, Сталоне на Инстаграм сподели фотографија со најблиските, под која напиша: „Моето прекрасно семејство е најубавиот роденденски подарок што можев да го добијам!“

На роденденската торта пишуваше „Само напред – 75! Среќен роденден!“

Тоа беше подарок од неговите пријатели во фитнес-клубот каде што тренира и не пропушта ниеден тренинг.

– Многу сум благодарен за сите драги луѓе во мојот живот – изјави популарниот Слај.

Изминаа 45 години откако Силвестер Сталоне ги навлече боксерските ракавици за да го одигра ликот на култниот боксер Роки, еден од неговите најпознати ликови. Секако не смееме да го заборавиме ни бестрашниот Рамбо, кој исто така ја обележи неговата кариера.


1 view

Comments


bottom of page