Search
Стадион ли е – фарма за кокошки ли е?!
02.06.2021 Juni Sreda
Ужасна и разочарувачка глетка на градскиот стадион каде попладнево репрезентацијата одигра пријателски натпревар со Словенија. Курир.мк. објави шокантни фотографии на кои се гледа дека иако Владата дозволи присуство на навивачи во Нацоналната арена, надлежните заборавиле да ја исчистат.
Има ли директор стадионот – е прашањето кое се поставува по ваквата состојба во него.
Реакции стигаат од сите страни. Она што го изгради ВМРО-ДПМНЕ, сегашната власт не може ниту да го исчисти, велат граѓаните, кои стравуваат дека наместо корона ќе заболат од птичји грип. Посетителите се прашуваа дали се во националната арена „Тоше Проески“ или во фарма за кокошки.
Comments