Срѓан Ѓоковиќ повторно „напаѓа“: Мојот син никогаш нема да игра како Федерер
Срѓан Ѓоковиќ често предизвикува негативни вибрации во јавноста со изјавите кои ги дава при телевизиските гостувања, а така е и овојпат со неговото појавување во телевизијата „К1“.
Таткото на најдобриот српски тенисер говорел на многу теми поврзани за неговиот син, но покрај тоа што открил уште колку долго планира да игра на врвно ниво, испратил и нова „отровна стрела“ кон Рожер Федерер.
Срѓан смета дека најголемите ривали не му помагаат на Новак да излезе на крај со организаторите на турнирите кои му забранија да игра на Австралија Опен и Ју-Ес Опен, потенцирајќи дека во нивни интерес е тоа што Ѓоковиќ е спречен да игра на турнирте на кои е главен фаворит.
– Дали мислите дека некој ќе лобира за Новак да игра? Секако дека нема, на најдобрите играчи не им оди во прилог тој да игра, бидејќи Новак е најдобар.
– Нека прават што сакаат, тој ќе биде најдобар спортист на сите времиња, веќе одамна е најдобар тенисер на сите времиња. Тоа е така по сите параметри, а во наредните две години само ќе го потврди тоа. Планира да игра на врвно ниво уште две години. Мојот син никогаш нема да игра како Федерер, а тоа е поради работи кои немаат никаква врска со спортот. Новак е Србин и член на семејството Ѓоковиќ и нема да се однесува како што се однесуваше Федерер, – вели Срѓан без да образложи на што точно мисли.
Comments