Search
Српскиот актер Ѓуричко вечерва пред публиката на „Охридско лето“
15.07.2024 juli Ponedelnik
Програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со стенд-ап „Шоу биз“ на српскиот актер Никола Ѓуричко што ќе се одржи на сцената „Долни Сарај“ со почеток во 21 часот.
Три години по многу успешниот стенд-ап на Ѓуричко „Сè што сакавте да знаете за Џони, но никогаш не смеевте да го прашате“, тој креира ново шоу со наслов „Шоу биз“ кое како претходниот стенд-ап го пишува сам.
Овој перформанс доаѓа по речиси три години отсуство од сцената, како негова потреба повторно да биде со луѓе и пред публика.
„Шоу биз“ на хумористичен начин раскажува интересни детали од живот на актерот и како што самиот вели, станува збор за „некои нови животни искуства и знаења што сака да ги сподели со луѓето“.
Comments