top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Среќен роденден, Ричард Гир!

Ричард Гир денес полни 73 години и во негова чест медиумите се навратија на неколку безвременски филмови на холивудската легенда. Без разлика дали се работи за шармантото портретирање богат човек со големо срце во „Убава жена“, урнебесниот лик во „Невестата бегалка“ или потресната изведба во „Хачико“, со текот на годините многумина уживаа во неговите филмови. Од почетокот на 70-тите маестралниот Гир ги воодушевува фановите со својата сестраност како актер и со филантропската работа со која се занимава во приватниот живот. „Убава жена“ – Ричард Гир го глуми Едвард, богат претприемач, ја најмува Вивијан (Џулија Робертс), проститутка, да го придружува на неколку социјални настани. Проблемите настануваат кога тој ќе се вљуби во неа и тие се обидуваат да го премостат јазот меѓу нивните светови. „Невестата бегалка“ – во овој филм репортер од големиот град (Гир) се вљубува во девојка (Џулија Робертс) што има навика да бега од олтарот секојпат кога ќе реши да се венча. „Хачико“ – оваа прекрасна емотивна приказна следи еден професор (Гир), кој наоѓа напуштено куче и го носи дома. Со тек на време тој формира нераскинлива врска со кучето, дури и по неговата смрт. „Неверна“ – Дајан Лејн ја портретира Кони, мажена жена, која налетува на Пол и се вљубува во него. Меѓутоа, кога таа води вонбрачна афера со него, Едвард (Гир), нејзиниот сопруг, станува сомнителен. „Офицер и џентлмен“ – овој филм го следи ликот Зак, млад човек што растел со својот пијан татко, а се стреми да стане пилот на морнарицата. Тој поминува низ ригорозен камп за обука и, конечно, наоѓа татковска фигура во наредникот Фоли.







2 views

Comments


bottom of page