„Среќен небесен роденден“: Ламбе Алабаковски ѝ посвети емотивна објава на својата покојна мајка
- Aleksandar Santovski
- Aug 6
- 2 min read
06.08.2026 Avgust Cetvrtok
Ламбе Алабаковски со емотивна објава на својот инстаграм-профил го одбележа роденденот на својата покојна мајка.
Тој сподели нејзина фотографија поставена на небесна позадина со бели гулаби, облаци и цвеќиња, а преку неа стои пораката: „Happy Heavenly Birthday to my Mother“ (во превод: „Среќен небесен роденден на мојата мајка“).
Иако не напиша дополнителен коментар, објавата доволно говори за љубовта и тагата што и по две децении ги чувствува по загубата на мајка си.
Алабаковски и претходно отворено зборувал за најтешкиот период во животот. Неговата мајка почина во 2006 година, непосредно пред настапот на Елена Ристеска на Евровизија во Атина со песната „Нинанајна“. Токму тогаш, наместо да ужива во еден од најубавите периоди од својата кариера, Ламбе се соочил со огромна семејна трагедија.
По нејзината смрт, најголема поддршка му биле татко му Лазар и баба му Менка. Во интервју за „Слободен печат“, пејачот со голема благодарност зборуваше за својот татко, кој и денес живее во родното преспанско село Љубојно.„Татко ми е веќе пензионер и секогаш е на мојата страна, поддршка за сѐ. Често знаеме и заедно да музицираме, да пееме – така се одржуваме и во добра кондиција. Мило ми е што е вљубеник во природата и планината“, изјави Ламбе.
Во истото интервју тој откри дека љубовта кон музиката ја негувале уште од детството во Љубојно, каде што во нивниот дом постојано се слушале македонски народни песни, а семејството и денес ги чува старите плочи и касети.
Ламбе е роден на 15 ноември 1987 година во преспанското село Љубојно. Иако музичката кариера подоцна го однесе во Скопје, а потоа и во САД, во повеќе наврати истакнал дека родниот крај и семејството се неговата најголема сила.
Емотивната честитка што ја сподели денес повторно покажа дека спомените за неговата мајка остануваат живи и дека нејзиниот роденден и понатаму е ден што го одбележува со многу љубов и почит.







Comments