top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сребро за Јован Врклевски

МЛАДИНСКА КАРАТЕ 1 ЛИГА ВО ПОРЕЧ

Јован Врклевски е голем талент, кој во континуитет го покажува тоа на дело. Лани во Пореч го освои петтото место, беше и балкански шампион, а државен првак е пет години, вели неговиот тренер Дејан Ристески

Јован Врклевски, член на скопскиот карате-клуб Кизаме, се закити со сребрен медал во тежинската категорија до 52 килограми, во кадетска конкуренција, на Младинската карате 1 лига што се одржа во хрватскиот град Пореч.

Врклевски во конкуренција на 96 натпреварувачи на ова натпреварување во финалето загуби од двократниот европски и светски првак, Белгиецот Мат Ромбо (0-8). До финалето Врклевски ги победи Фиат Бериша (4-2) од Косово, Дмитро Шеремет (1-0), Тарас Маковилчук (0-0, со предност) и Роман Херула (1-0) од Украина, Италијанецот Јакопо Цити (2-1) и Романецот Александре Неагу Барзан (4-3). – Јован Врклевски е голем талент, кој во континуитет го покажува тоа на дело. Лани во Пореч го освои петтото место, беше и балкански шампион, а државен првак е пет години. Успехот е дотолку поголем што во Пореч во категориите до 14 години, кадети, јуниори и постари јуниори (до 21 година) во машка и во женска конкуренција, настапија 3.270 каратисти од 72 држави, а од Македонија имаше триесетина учесници од клубовите Гладијатор, Макпетрол, Кизаме, Куштрими, Олимпик, Штип и Фати – вели неговиот тренер Дејан Ристески.

Во оваа лига има вкупно пет вакви турнири, а до крајот на сезоната остануваат уште два, во Мерда и во Венеција, по што ќе се прогласат најдобрите по категории. Г.И.


0 views

Comments


bottom of page