top of page
Search
Writer's pictureAleksandar Santovski

Сребро за Ива Богдановска во Џудо

05.06.2024 Juni Sreda

Македонската џудистка, стандардна репрезентативка и членка на скопскиот клуб Миоки, Ива Богдановска, постигна голем успех на Балканското првенство (БП) за кадети/ки, кое изминатиот викенд се одржа во Подгорица, Црна Гора. Талентираната и надежна џудистка Богдановска, во тежинската кетегорија до 65 килограми се закити со сребрен медал, во конкуренција на 21 претставничка во нејзината категорија.

– Богдановска во многу силна конкуренција во категоријата до 63 кг, каде што имаше вкупно 21 претставничка, освои сребро, што претставува многу значаен медал за македонското џудо. По слободното прво коло, во вториот круг Богдановска ја совлада Турчинката Бајур Алејна, во третиот круг, односно четврт-финалето, беше поуспешна од ривалката од Молдавија, Дорина Рубановици, со што се пласираше во полуфиналето, каде што ја совлада претставничката од БиХ, Ана Скиљевиќ. Во финалната борба загуби од репрезентативката на Романија, Изабел Боб. Со оглед на масовноста и квалитетот на ова првенство, кое беше како никогаш досега, Богдановска уште еднаш потврди дека има потенцијал за постигнување врвни спортски резултати. Од преостанатите наши репрезентативци, највпечатлив настап имаше Георгина Блажеска (до 48 кг), која со две победи и два пораза се пласираше на солидното седмо место – ни изјави селекторот на македонската кадетска репрезентација и тренер на ЏК Миоки, Игор Паскоски.

На Балканијадата во Подгорица настапија вкупно 340 учесници, меѓу кои и осум од Македонија. Г.И.


1 view

Comments


bottom of page