Search
Србија броеше со 115 и со „три од три“ оди во наредната фаза на СП
- Aleksandar Santovski
- Aug 30, 2023
- 1 min read
Селекцијата на Србија со максимален учинок од „три од три“ ја заврши првата фаза на Светското кошаркарско првенство.
Нашиот сосед во третиот меч во групата Б го уништи составот на Јужен Судан со 32 разлика. Избраниците на Пешиќ ја одиграа најефикасната партија на шампионатот, постигнаа 115 поени (115-83) со што потврдија дека формата е на одлично ниво пред главните битки кои престојат.
Србите постигнаа 17 тројки, 34 асистенции, а кога се во прашање стрелците најефикасни беа играчите од НБА лигата, Богдановиќ и Јовиќ со 23 и 25 поени.
Кај поразените Какол беше автор на 21 поен, некогашниот член на МЗТ Скопје, Омот пак беше автор на 17 кошеви.
Во истиот термин Грузија беше подобра од Венецуела со 70:59 и со тоа обезбеди место во наредната рунда.

Kommentare