Search
Србинот ужива во одморот: Елегантно салто во вода на двометрашот Јокиќ
- Aleksandar Santovski
- Jul 11, 2023
- 1 min read
Никола Јокиќ имаше напорна сезона во НБА лигата, сезона во која го предводеше Денвер Нагетс до првата историска титула.
Сега центарот ги полни батериите, вистински ужива во одморот, а со оглед на тоа што живееме во време на интернет, социјални мрежи, секој има телефон, апарат кој во секое време може да ја забележи секоја ситуација така и Јокиќ го фатија на рафтинг на реката Дрина каде покажа како човек кој е висок 211 сантиметри и тежок околу 130 килограми може да направи елегантно салто во вода.

Comments