top of page

„Срам“ – перформанс на Ангела Стојановска во МКЦ

09.02.2022 Februari Sreda

Во Кино Фросина, во Младинскиот културен центар, на 12 февруари (20 ч) ќе се одржи перформансот „Срам“ на Ангела Стојановска. За перформансот Стојановска вели „Ова е моето простување со срамот од моето тело, од храната, од живеењето во оваа земја. Од срамот кој сум го негувала долго време, кој понекогаш не е лично мој и доаѓа од постапките на другите. Ова е моето прифаќање, заблагодарување и раскрстување со срамот. Време е срамот да оди кај некои други луѓе.“ За уделот на својот перформанс во рамките на јавната дебата за телесноста и физичкиот изглед на жената Стојановска вели „Јас би била среќна ако создадам простор во кој ќе може да дискутираме за тоа дека начинот на кој изгледаме не нè прави ‘помалку’.“ Перформансот „Срам“ е развиван како авторски проект на Ангела Стојановска во рамки на платформата за изведувачки уметности на Фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО – ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ. Платформата ИСПРОБУВАЊЕ ФЕМИНИСТИЧКИ ИДНИНИ е финансиски поддржана од The Kvinna till Kvinna Foundation и FRIDA | The Young Feminist Fund и се реализира во соработка со MOT theatre festival. За безбедност на публиката и екипата, за влез на настанот важат актуелните ковид-протоколи..





 
 
 

Comments


bottom of page